сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ако има за вас, треба да има и за нас“: Пензионерите протестираат пред Влада, ова се нивните барања

„Ако има за вас, треба да има и за нас“: Пензионерите протестираат пред Влада, ова се нивните барања

Пензионери од повеќе градови од државава денеска  на Меѓународниот ден на пензионерите – 20 Септември,  протеститарат пред зградата на Владата. Поради протестот затворен е за сообраќај булеварот „Илинден“.

Барањата на пензионерите се линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари за секој пензионер, а не процентуално  согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и промена на методологијата за пресметка на пензиите. 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска завчера најави дека до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања, а за што изминатиот период заседаваше работната група формирана по првиот протест на пензионери во Скопје. (МИА)

Најнови вести