понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ако мислите дека има се помалку критика за власта, ова е причината за тоа

Ако мислите дека има се помалку критика за власта, ова е причината за тоа

Корисниците на Фејсбук, читателите на најчитаните македонски информативни портали, колумнистите и новинарите забележуваат дека, особено годинава а екстремно последниве месеци, е присутна цензура на интеренет објавите и комуникацијата под форма на “обележеување и заштита од лажни вести“.

Се обележуваат, блокираат вести и објави, блокираат лични профили и цели фан страни и групи затоа што – некој некаде решил дека “тоа не е за објавуавање“. Речиси без исклучок, сите блокади на лични постови, особено на вести, на Фејсбук фан старни и групи на Фејсбук потекнуваат од портали и личности кои се критички кон власта. Не знаеме како е во другите држави но, во Македонија е така, и се гледа секој ден.

Кога е јавноста и политиката во прашање, колку некој модел е похумано и полиберално крстен, толку по грозна вистина стои зад него. Во наци логорите над вратите ја пишуваше хуманата теза на Дарвин: “Работата го ослободува човекот“, а познато е како внатре беа “осободени“ луѓето во логорите.

Во Македонија, дали се некои вести лажни или не одлучува една “невладина организација“, дел од Шарената револуција на партијата СДСМ, експлицитен дел од владеачкиот камп на партијата, на СДСМ. По дефиниција, кога ќе го отворите нивниот сајт претенциозно наречен Вистиномер, ќе видите дека, без исклучок, цел на напади се само лица, медиуми, особено портали и новинари кои се критички настроени кон СДСМ. Кој макар и површно следи политика во Македонија, се му е јасно, има искуство и знае и самиот да извлече заклучок од ова.

Нивните пријави до Фејсбук имаат големи последици по јавното информирање во Македонија и балансот на информации на оние кои се провладини и другите, критички настроени кон власта. Втиориве ги снемува. По нивната пријава до Фејсбук вестите се обележуваат, дискриминираат, фан страните се банираат и информациите не можат да дојадт до јавноста. Се создава лажен привид дека критика на валста има се помалку, а во суштина таа критика на социјланите мрежи е – оневозможена.

Работа на стотина новинари, уредници на критичките портали се доведува во прашање затоа што тие немаат донации од владата, ниту од амбасадите, а сите имаме искуство дека е забарането рекламирање кај нив од домашните големи оглсувачи. Во кој портал, надвор од кампот на СДСМ, сте виделе реклама од големите огласувачи како Телеком, А1, ЕВН… кои доминираат на провладините портали? Реклами од владините кампањи – кај нив нема.

Порталите критички настроени кон валста живеат само од читаност, а најголемата читаност е – на Фејсбук. Но, Фејсбук ги блолира или им лимитира читаност на минимум затоа што “невладиниот“ Вистиноимер им пријавил во Фејсбук дека објавиле “лажна вест“. На оваа дојава, пријава од Вистиномер и блокада од Фејсбук нема да се чуе и втора страна пред блокадата, жалба или приговор. Вистиномер е секогаш во право.

Власта не штеди за награди на своите, на секој чекор се наоѓаат причини, дури и во време на пандемиска криза, да се најдат пари за разни “невладини органзиации и прокети“ под нивна контрола и нивни агитатори, па дури и за провладини печатени медиуми кои денес никој не ги чита но мора да живеат од јавни пари, од кои пари директно и индиректно корист има дел од невладиниот сектор кој одработува за власта.

Оваа тема не завршува сега, ниту овде. Ќе оди пред носечките европски институции, ќе има запознавање на европската јавност и политичките институции со овие случувања во Македонија. Не навлкегуваме во одлуката на Фејсбук да го примени овој лодел, тоа е нивно право, но примената на овој модел во Македонија е – политички прогон и потиснување на секое јавно објавено мислење кое е критика кон власта или некој нивни партиски претставник. Идејата, мдоелот на Фејсбук, овде е злоупотербен и промапашен.

Имаме банирање, забарани за објави и драстично намалување на објавите преку Фејсбук и за вест која се однесува на приватна случка на функционер на СДСМ, објавена на дваесетина портали но, од Вистиномер кај Фејсбук се пријавени, и казнети со блокади, само порталите кои се критички настроени кон власта. За објавите во другите портали, истата вест “не е лажна вест“.

Оваа појава е забележана и во пошироката јавност која веќе реагира. Проф. Звонимир Јанкулоски во Нова Македонија, за овие појави, го напиша следното со наслов Цензурата има име: проверувачите на факти новите „арбитри“ на вистината:

Во времето на новата „инквизиција“ на мислата, секој има право на свое мислење, но не и на неговите факти. Нивните факти се предмет на верификација на новите „арбитри на вистината“ на социјалните медиуми.

Облечени во наметката на нивната позната вистина, професионалните проверувачи на факти се новото лице на догмата и цензурата на социјалните медиуми. За нив велат дека се бесрамен либерален обид да се контролира јавниот дискурс и да се задуши слободата на говорот, вообичаено фокусирани на политичка контрола и манипулација.

Ретко кој верува дека тие се чесни репортери на фактите и судии на вестите. Со нив сонот за социјалните медиуми како глас за сите пропадна.

Неколку прашања ме мачат во однос на овие самопрогласени „арбитри на вистината“ на социјалните мрежи.

Знаете ли колку се транспарентни во однос на нивната методологија, нивните извори на факти и начинот и каналите на нивното финансирање? Нормално дека не знаете.

Како што не знаете како идентификуваат што треба, а што не треба да биде дистрибуирано на социјалните мрежи. И дали во тие одлуки постапуваат натпартиски и неполитички? Исто така, нејасно е како се акомодираат во гарантираната слобода на изразување и забраната да се ограничува печатот, или правата на поединците да зборуваат слободно.

Новите „екологисти“ на вистината се хранат од гревот на „лажните вести“ под маската на вестите, притоа свесно заборавајќи дека се работи за нехомогени концепти, што можат да се манифестираат на различни начини, опфаќајќи го целиот спектар, од измислена содржина наменета за измама до сатирични публикации со цел да се потсмеваат.

Она што е многу поважно е дека концептот на „лажни вести“ мора нужно да е придружен со намерата за измама. Воспоставувањето таква намера е клучно кога се обидува да се постави границата помеѓу „лажните вести“ и другите поневини форми на погрешни информации.

Можеби за новите „инквизитори“ на вистината ефектот на „лажните вести“, како и степенот на оваа појава, не е спорен. Всушност, тие се креација на создадениот впечаток дека лажните вести се нов феномен и проблем. А тие постоеја и порано, уште пред интернетот, и секогаш биле користени од различни групи и поединци да влијаат на јавното мислење. За нив „лажните вести“ претставуваат закана за интегритетот на демократијата. А како тие избрани да ја штитат.

Да прочитале, ќе знаеле дека наодите од рапидно растечката област на истражување за потрошувачката на „лажни вести“ досега сугерираат на многу ограничено влијание на „лажните вести“ врз консументите, и тоа само доколку се совпаднат со нивните сопствени предиспозиции и политичките избори. Во недостиг од повеќе истражувања, тешко е авторитативно да се утврдат ризиците поврзани со „лажните вести“. Можеби затоа „проверувачите на факти“ ги нарекуваат „бубашваби“ на социјалните мрежи. Метафорички.

Во Македонија одамна нѐ дресираа дека некои прашања не заслужуваат одговор, па затоа и не се поставуваат.

Дури и оние најмногу засегнатите политички опоненти молчат. Инаку, можеби некој ќе праша како се следат и верификуваат политичките изјави кај нас од сега разоткриеното новоформирано, што би рекле Шпанците, „Гестапо што ја надгледува официјалната вистина.“

Дали се проверуваат изјавите од целиот политички спектар во земјава, или тоа е ограничено на опозицијата и на критичката мисла?

Дали страниците за проверка на фактите имаат моќ да отстрануваат и бришат пораки?

Дали на овој начин се засили операцијата за цензура пред, за време и по деновите на избори кај нас и колку власта низ ваквите агрегати на вистината ги контролира јавната политичка дискусија и дебата преку интернет?

Кога не поставувате прашања, не треба да бидете изненадени дека носителот на лажни вести во Македонија е лидерот на опозицијата. А кој друг. Сигурно не Владата и провладините медиуми, кои четири години нѐ убедуваат дека сме добиле датум за преговори со ЕУ.

Кога сте дефанзивни во своето политичко дејствување, нормално дека проверувањето на фактите од „Гестапото на официјалната вистина“ во Македонија ќе биде „чесно и нетенденциозно“. А вие главен дисеминатор на лажни вести.

Анархистичкиот дигитален свет ги сметаше чуварите на портата на вистината како реликвија на минатиот регулиран медиумски систем што требаше да биде урнат од новите технолошки платформи, што ќе создадат нови заеднички информации за сите, во кои фактите, фикцијата и мислењето веќе нема да бидат разграничени и каде што сите коментари ќе се сметаат за еднакви.

Проверката на фактите како обид да се арбитрира вистината на социјалните платформи ја игра улогата на вратар на вистината во општеството, потсетувајќи нѐ дека сонот за еднаков глас за сите не успеа.

Зарем по ова некој сè уште верува во утописките мантри дека информациите сакаат да бидат бесплатни, а интернетот невозможно да биде цензуриран или контролиран?

Новото лице на цензурата на интернет се самопрогласените „екологисти на вистината“, или модерно „проверувачите на факти“.

Секогаш верував и сакам да верувам дека пазарот на идеи подобро ја сортира вистината од лагата отколку самопрогласените чувари на вистината што не заработиле никаков социјален авторитет. Не сакам друг врз основа на својот субјективен суд да одлучува кои гласови треба да бидат слушнати, а кои не.

Особено не во политиката, каде што вистината и лагата ретко се црно-бели, барем од устата на политичарите. (Проф. Звонимир Јанкулоски)

Најнови вести