Дилемата дали Георгиевски заслужува уште еден мандат можеме да ја решиме со само една негова изјава: „Ако ги рушам дивоградбите во Охрид утре може некој ќе ме убие“, пишува Република.
Зошто некој кој се плаши за својата безбедност и за безбедноста на семејството би прифатил уште еден мандат? Веројатно СДСМ и Георгиевски си знаат зошто, а ние сепак да се потсетиме зошто не.
Како и до сега ќе работам само за интересите на граѓаните, ќе вложам максимални напори за да го реалиизрам сетоа она што го имаме зацртано и планирано. Мојата визија е Охрид да биде град во кој секој граѓанин ќе ја гледа својата иднина и иднината на своите деца. Само заедно со граѓаните може да го направиме Охрид модерен и развиен туристички центар и град кој ќе послужи како добар пример. Ќе бидеме фокусирани на приоритетните инфраструктурни потреби, како што се улици, водоводи и канализација, поубави јавни површини, подобри услови во образованието, заштита на животната средина, мерки за подобар и поквалитетен туристички производ, подобри општински услуги, подобри услови за спорт, подобри услови за децата и младите и други проекти кои се важни за нашиот град.
Илјада изборни ветувања – нула исполнувања. Оваа тажна математика е слика за работата на охридскиот градоначалник Константин Георгиевски, кој ја добил довербата на охриѓани и партискиот лидер Зоран Заев за втор мандат за градоначалник на Охрид.
Георгиевски е трет актуелен градоначалник на листата „Чесни и одговорни“. Претходно потсетивме на (не)делата на Аце Велковски од Лозово и Сашко Николов од Штип.
Скалпот на Георгиевски ќе му го земе ортаклакот со Нефи Усеини. Нефи Усеини е кралот на дивоградбите во Охрид. На зелениот Нефи Усеини од ДУИ никој ништо не му може, а Георгиевски единствено може да се слика со него.
И да договара дивоградби.
Зашто, нели, „ставањето на Охрид во листа на опасност, воопшто не е таква трагедија, како што е претставена во јавноста“.
Сепак, Нефи не е единствениот кој гради бесправно во Охрид. Има и такви за кои општината „не знае кој гради“. Но, им се може, па градат на само 50 метри од езерото.
До 2019 година регистарот на дивоградби во Охрид содржи 1076 нелегални градби, од кои 409 се лоцирани во заштитниот појас. Состојбата со урабнизмот и дивоградбите е алармантна, па затоа УНЕСКО бара природното и културното наследство на Охридскиот Регион да биде на листата на загрозено светско наследство.
Охрид го тресеа низа афери со нелегални градби врз заштитено културно наследство како Алипашината џамија, објектот кај Чинарот, објектот врз археолошки локалитет „Манчевци“, хотелот во Лагдин, бетонската база и ред други дивоградби на крајбрежјето. Георгиески не се одважи за ниту една. Рече „процесот ќе е болен и тежок, ќе трае и година, две“…, но ете никој досега не се пожалил на болка. Можеби не е случајност….
Таткото на Константин Георгиевски, во охридската јавност важи за основач на „градежната мафија“ која има незаконски градено згради во центарот на Охрид кои потоа биле легализирани.
За името на Георгиевски се врзуваат илјадници партиски вработувања.
И уште вбработувања.
Поскапување на водата и уште партиски вработувања.
Реализирани ветувањата за туристичка преродба на Охрид.
Му покажа заби на Ѓоковиќ и му кажа кои сме и зошто сме. Дека Македонија е cеверна. Иако Ѓоковиќ само сакаше да го посети Охрид. Топло добредојдето од граоначалникот, нема што.
Додека сме кај Србија и Србите, во духот на добрососедските односи, дали Георгиевски ќе ги врати златните маски од Требеништа и охридските длаборези од Белград како што ја врати оградата?
Градоначалникот Георгиески на својата турнеја во Белград ја предаде историски вредната ограда од вилата „Билјана“. Што добија Охрид и Македонија за возврат од тоа што Георгиески зад флоскулата на пријателство ја однесе оградата? Дали Георгиески знае дека пријателството е двостран однос и дали во знак на пријателството од Белград ќе се врати со златните маски од Требеништа како и со охридските длаборези што ги красат тамошните институции и музеи, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
Пред крајот, да се вратиме на почетокот – памтите ли како дојде Георгиевски на местото од кое не сака да замине? Боки 13 го има одговорот.
Кичеец преку Бено од партијата на Египѓаните ги местеше локалните избори за да победи кандидатот на СДСМ, Константин Георгиевски – открива Боки 13 во исказ пред судот.
На крај, ќе завршиме како што започнавме – со мудра мисла од актуелниот градоначалник, со надеж дека самиот тој ќе го почитува својот збор: „Градот мора да се ресетира и да се почитуваат законите“. Епа, охриѓани, стиснете Reset!