Актерката и поранешна градоначалничка на општина Кисела Водa, Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва, потврдуваат од МВР.
Имаше неполни 46 години. Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје. Според првичните информации, таа е пронајдена обесена.
Неофицијално, станува збор за самоубиство со бесење.
Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017.
Беличанец глумеше во повеќе ТВ-проекти како „Здраво генијалци“ и натсихронизираше гласови во турски серии.
Има две деца од првиот брак.
Неодамна втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски, пишува порталот СДК.мк.