Одекнаа остри реакции во јавноста по веста дека Владата ќе потроши 670 илјади евра за цвеќиња и нивно одржување во владините објекти. Актерката Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил прашува дали оваа сума е реална или пак нешто се заташкува.
-670.000 евра за цвеќенца околу Владата?! Што ќе прајте, бе?! Реплика на Гардн оф Идн?! Вистина ли е ова или пак има нешто за заташкуење?! Одма да кажете! Одма!! , пишува Ристиќ.