сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Активистката на СДСМ од Штип се обиде да ги одбрани мерките на Владата и ги навреди музичарите (ФОТО)

Активистката на СДСМ од Штип се обиде да ги одбрани мерките на Владата и ги навреди музичарите (ФОТО)

Активистката на СДСМ, учесник во шарената револуција, но и професорката на Штипскиот универзитет, Кристина Костова на својот Фејсбук профил ги навреди музичарите обидувајќи се да ги поддржи политиките на Владата на СДСМ . Покрај музичарите таа упати и жестоки критики за свадбените традиции кои според неа биле непотребни и бесмислени.

Но активиската на СДСМ не можеше ни да замисли што ја очекува понатаму. Голем број граѓани свесни за нејзината партиска припадност ја направија резил професорката на сопствениот „ѕид“, па тој се претвори во ѕид на срамот. Дел од граѓаните објавуваа фотографии од неа на свадби, други пак велат дека за вакви партиски ботови нема спас, граѓаните и поставија и прашање дали некогаш влегла во конфекција за да види какви се условите, како 10-тици граѓани „начкани“ се возат во автобуси, а во халите не се спроведуваат никави здравствени препораки, имајќи во предвид дека таа направи компарација помеѓу музичарите и вработените во текстилната индустрија.

Музичарите реагирале што не можеле да се прават свадби, а можело да се работи во погони.Ама, во погонот сите не се…

Gepostet von Kristina Kostova am Freitag, 15. Mai 2020

Сепак еден коментар ги надмина сите, коментар на госпоѓа која и препорача да се засрами, бидејќи музичарите немаат годишен одмор, работат на сите празници и веселби додека „граџаните како професорката“ се мортус пијани, а за крај и препорача својата свадба да ја прави во текстилна хала.

Костова се „прослави“од позиција на советничка на градоначаланикот на Штип Благој Бочварски кога го нападна маестрото Симеон Трпчевски бидејќи гтој се пожали дека одржувал концерт во Штип во сала без греење.

Музичарите како и поголемиот дел од граѓаните се соочуваат со тешка економска состојба, а Владата не прави ништо за да им помогне, ваквите „опинион мејкери“ не само што не им помагаат туку и одмагаат на ПР машинеријата на Владата.

Најнови вести