По косовскиот претседател Хашим Тачи и албанскиот претседател Илир Мета упати честитка до Владата на премиерот Зоран Заев по вчерашното гласање во Собранието.
-Гласањето во македонскиот Парламент за иницијативата за уставни промени е важен чекор, надеж и верба дека процесот на членство на Македонија во НАТО и ЕУ е на вистинскиот пат. И честитам на владата на премиерот Заев за напорите што се направени во овој поглед и на сите пратеници на македонското Собрание за поддршка на процесот кој не само што ја ослободува Македонија од неколкугодишниот застој во интеграција, туку влијае и на безбедноста, стабилноста и благосостојбата на нашиот регион, напиша албанскиот претседател на неговата Фејсбук страна.