вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Албанското МНР го поздрави гласот “За” на македонските граѓани

Албанското МНР го поздрави гласот “За” на македонските граѓани

Албанското Министерство за Европа и надворешни работи го поздравува гласот “За” на македонските граѓани за поддршка на Договорот за името со Грција, за време на вчерашниот консултативен референдум.

-Ние го охрабруваме продолжувањето без одложување на понатамошниот законодавен процес во Парламентот за да се иницираат неопходните уставни измени и целосно да се имплементира договорот постигнат во Преспа како единствен начин за членство на земјата во НАТО и во ЕУ. Време е сите политички сили во Парламентот да одговорат на волјата на граѓаните и со широк консензус за да ја искористат оваа историска можност за унапредување на евроатлантскиот пат на земјата – се вели во соопштението на Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија.

Најнови вести