среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Алекс Букарски за Јовановиќ, Фрчкоски и Заевизмот: Од гадење до мавање од земја и восхитување

Алекс Букарски за Јовановиќ, Фрчкоски и Заевизмот: Од гадење до мавање од земја и восхитување

Ееее Ненаде. Отсекогаш си бил во потрага по некакви идоли, како некој тинејџер, иако одамна тинејџерите се во нихилистички филм и носат маички kill your idols, пишува Алекс Букарски за Ненад Јовановиќ.

Во продолжение следува неговиот ФБ статус:

Еве да ти ја свежнам меморијата: КИЦ, 2008 на твое барање, сакаш да идеме на промоција на професорот со меко срце.

Немам некоја особена желба и го правам тоа за твој атер. Влегуваме внатре, а таму Меко срце и Владо Поповски.

Се вртам те нема.

Излегувам те гледам надвор, скоро клекнат со раце на колена, како да ти доаѓа за повраќање: Шо ти е? те прашувам, ми одговараш, „Ми се лоши“ ми одговараш, “Од што, да не касна нешто на промоцијата“ те прашувам, ме гледаш и викаш. “Не, ми се лоши од самата појава човече“.

Навистина сум видел разно-разни ескцеси, но израз на толкаво гадење на толкав демонстративен начин, не сум видел до ден-денес.

Сите ние ги менуваме перцепциите за одредени луѓе во зависност од нашето искуство со тек на годините, тоа е во ред, но толкава амплитуда од ежење и толку гадење до толку маање од земја и израз на јавно восхитување, многу говори за карактерот на апологетството во време на заевизмот.

Најнови вести