среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Александар Николоски на средби во Париз во Француското МНР, Собрание, Сенат и Совет на Европа

Александар Николоски на средби во Париз во Француското МНР, Собрание, Сенат и Совет на Европа

Пратеникот и Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски престојува во посета на Париз Франција, каде ќе оствари бројни средби.

Како Претседател на групата за соработка на Македонија и Франција ќе се сретне со Силван Гиоге заменик директор за Европски прашања на МНР на Франција, како и со Бертранд Сор пратеник во Француското Собрание и Претседател на групата за соработка Франција – Македонија.
Во рамки на посетата Александар Николоски ќе учествува во работата на ПС на Совет на Европа на Комисијата за правни прашања и човекови права и Комисијата за демократија и политички систем.

Николоски ќе оствари средби и со француски стопанственици на кои ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија.

На средбите Николоски ќе ги запознае соговорниците за политичките состојби, резултатите од локалните избори, состојбата со растечката корупција и економската криза како и потребните промени.
Николоски ќе побара Македонија да отпочне преговори со ЕУ затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија.

Најнови вести