вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ален Зекиров доби отказ од МВР

Ален Зекиров доби отказ од МВР

Поранешниот личен телохранител на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков пред три дена го добил отказното решение од УБК, каде што од 2015-та година работи како главен инспектор во одделот за антитероризам, објави 24 Вести.

„По спроведената постапка за утврдување на дисциплинска одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина, на предлог на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност во Управата за безбедност и контраразузнавање, од страна на министерот за внатрешни работи е донесено решение со  кое на А.З му е откажан договорот за вработување во министерството за внатрешни работи“, велат од МВР за телевизијата.

Иако, МВР официјално не го наведува 27 април како причина за раскинување на договорот, телевизијата објави дека Зекиров е забележан меѓу толпата која влезе во законодавниот дом на 27 април, па затоа следел отказот.

Најнови вести