недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Алфа ексклузивно: Душко млекарот обвинува дека СДСМ врши притисок врз судството да го стават во затвор

Алфа ексклузивно: Душко млекарот обвинува дека СДСМ врши притисок врз судството да го стават во затвор

На Душко Илиевски-Млекарот, човекот кој години наназад преку социјалните мрежи објавува материјали за нелегалното работење на актуелната власт, и се наоѓа во политички азил во Германија, му се заканува екстрадиција во земјава со цел да одлежи казна затвор.

-Претходните само ме гонеа, овие ме осудија вели Душко за Алфа.

Битолскиот бунтовник, познат уште од протестите во „Свед милк“, во време на „шарената револуција“, по две пресуди за учество во толпа и напад на службени лица, како што беше обвинет, од Кривичниот суд во Скопје заработи затворска казна од една и пол година, а во Основниот суд во Битола, од една година. Заради тоа што не е во земјава за него сега се распишани централна и меѓународна потерница и се бара негова екстрадиција од Германија. Таму живее со сопругата и децата, информира телевизијата.

-Во Скопје, тие што бевме снимени заедно со Кире Неделковски каде што ги туркаме железата, а и во “Свед милк“ ги туркавме железата, ама не бевме осудени. За железа туркање во Скопје бевме осуедени една и пол година, а од таа толпа само ние двајцата. Кире Неделковски го ослободија, а Душко Илиевски осуден, без ниту еден доказ, без ништо. Освен сведочење на полицијата, други докази нема, рече битолскиот млекар.

Според него, ова е резултат на притисокот врз правосудните органи од страна на експоненти на власта, кои се мета на негови критики.

-Александар Кирацовски прави притисок врз судството за да бидам екстрадиран. Но, јас во Република Германија сум заштитен со политички азил. И во Судот, преку моите адвокати, беа дадени податоци каде живеам и дека сум во азил во Германија, рече Илиевски.

Целата вест прочитајте ја на АЛФА

Најнови вести