сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Алфа открива скандалозна нарачка на стари обрасци за патни исправи додека се менува името: СДСМ се обидува да заработи милиони во матно?

Алфа открива скандалозна нарачка на стари обрасци за патни исправи додека се менува името: СДСМ се обидува да заработи милиони во матно?

Иако власта најави дека до 15-ти јануари се очекува изгласување на уставните измени, со што ќе дојде до промена на името на државата, а и до промена на личните документи на граѓаните, голем број нови бланко обрасци за македонски пасоши чекаат на царина. Според информациите до кои дојде Алфа телевизија, 240.000 обрасци во моментов се во редовна царинска постапка.

-Во моментов на царина има поголема количина на бланко обрасци за патни исправи и во тек е редовна царинска постапка. Воедно ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи располага со доволно обрасци за патни исправи и нема застој во издавањето на истите, велат од Министерството за внатрешни работи.

Зошто се купуваат нови обрасци во овие мигови, иако Министерството за внатрешни работи ги има доволно и нема застој во издавањето на истите?

Се поставува прашањето дали МВР троши буџетски пари за нови бланко обрасци на кои пишува Република Македонија, иако за 10-тина дена се очекува изгласување на уставните измени или пак и на неизгласани измени почнала набавка на пасоши на кои ќе пишува Република Северна Македонија.

Прашање поставивме директно и до Владата, од таму пак не упатија одговорот да го побараме во Министерството за внатрешни работи. Од каде велат дека е потребен временски период за менување на процедурите и законските промени.

-Дури и да бидат изгласани уставните измени на 15-ти јануари, потребен е временски период за менување на процедурите и законските промени, како и за стапување во сила на измените, велат од Министерството за внатрешни работи.

На прашањето колку овие обрасци ја чинат државната каса, од МВР велат дека сумата исплатена за лежарина на царинска стока зависи од времето потребно за нејзино царинење.

Најнови вести