вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Алијанса на Албанците: Државата не е подготвена за легализација на марихуаната, веруваме дека ќе има и злоупотреба

Алијанса на Албанците: Државата не е подготвена за легализација на марихуаната, веруваме дека ќе има и злоупотреба

Додека Владата предводена од СДСМ смета дека треба да се започне со процесот на легализација на канабисот за рекреативни цели, Фалкрон Беџети, од Алијанса на Албанците, во изјава за „Слободен печат“, тврди дека е рано да се зборува за такво нешто.

-Во принцип ние сме имале изјави на оваа тема и претходно и не сме за легализаија на марихуаната. Како главна причина за тоа е фактот што сметаме дека се уште не сме подготвени за такво нешто како општество. Ова се случува во тие поразвиените демократии, а ние имаме уште повеќе да направиме за нашите граѓани, бидејќи сега за сега тој процес нема да ѝ донесе добро на државата, вели Беџети.

Тој изразува сомнеж и во економските придобивки кои во овој момент би можеле да ги имаме како држава од легализацијата на канабисот.

-Ние сме првично за функционирање на правниот систем, па потоа да профункционираат и таквите закони. Се сомневаме дека во оваа ситуација тоа ќе функционира, веруваме дека ќе има и злоупотреба и не веруваме дека сега за сега легализацијата ќе донесе и некој позначаен економски придонес, заклучува Беџети.

Најнови вести