понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Алијанса за Албанците: Правдата не треба да биде селективна, да се истражат и претставници на ДУИ

Алијанса за Албанците: Правдата не треба да биде селективна, да се истражат и претставници на ДУИ

Да се истражат и претставници на ДУИ бара политичката партија Алијанса за Албанците.

-Ја поздравуваме одлуката на Обвинителството за целосно расветлување и истражување на случајот „Рекет“ со испраќање на сите обвинети за овој скандал на обвинителна клупа, вклучително и обвинителката Катица Јанева. Ги повикуваме надлежните правосудни органи да ги испитаат сите други отворени случаи од правосудните органи, во кои се опфатени и функционери на ДУИ, почнувајќи од случајот „Маџар Телеком“, „Пациент“, „Титаник 3“ и аферата во Фондот за пензиско инвалидско осигурување и многу други. Ако претендираме да имаме целосна правда, таа не треба да биде селективна, и само кон половина од режимот, туку да биде целосна и бескомпромисна, без да се поштеди никој кој што го прекршил законот , стои во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Најнови вести