петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Алиу: Измените на Законот за АВМУ наскоро во Собрание

Алиу: Измените на Законот за АВМУ наскоро во Собрание

Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) веќе се во владина процедура и многу брзо се очекува да бидат доставени до Собранието, рече денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Како што информира Алиу, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со стопанските комори, во подготовката на измените биле вклучени сите засегнати страни, но не биле сите активни, а некои и воопшто не биле активни.

-Од првиот ден кога почнавме да работиме на законот, бевме многу инклузивни и транспарентни. Вклучени беа сите засегнати страни во неговата подготовка. За жал, не сите засегнати страни беа активни и не дадоа придонес. Некои воопшто не дадоа придонес. Како и да е, законот законски мора да биде на ЕНЕР и беше на ЕНЕР. Исто така, добивме фидбек од институции, некои од нив се веќе прифатени и се дел од законското решение, истакна министерот.

Најнови вести