понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Алмакос“: Албанската опозиција да земе пример од македонската опозиција

„Алмакос“: Албанската опозиција да земе пример од македонската опозиција

Пред 4 години, најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, ги загуби речиси сите општини во државата, вклучително и историските. Тоа беше прв пораз на Никола Груевски од 2006 година кога дојде на власт. Тој поднесе оставка, се соочи со напади и судски постапки, беше осуден и побегна од Македонија во Унгарија каде што живее и денес, се наведува во анализата на Алмакос.

-Неговата партија, анатемирана од меѓународните, ослабе и се мислеше дека никогаш повеќе нема да крене глава. Организираше внатрешни избори, а за претседател наместо Груевски беше избран Христијан Мицкоски. Раководството го сочинуваа млади луѓе но и со придонеси и гласови во партијата и во електоратот. Тие го задржаа својот доктринален пристап како политичка сила создадена во 1903 година и антирежимска партија во времето на комунизмот. Се дистанцираа и од политичкиот екстремизам од времето на Груевски, но никогаш не го нападнаа лично(Груевски). Тие, како членка на Европската народна партија, водеа прозападна агенда, но во меѓувреме ги остранија од партијата сите корумпирани од поранешното раководство со на чело Сашо Михајлков, поранешниот шеф на тајната служба, кој сега е во затвор, се наведува во анализата.

„Тие се вклучија и во една агенда заедно со албанската опозиција на Зијадин Села и Алтернатива со кои беа во политичка војна. Нив ги обедини борбата против корупцијата и граѓанската агенда за интеграција. И покрај поразот на претседателските избори пред 2 и пол години, тие имаа добар резултат на општите избори минатата година и триумфираа во 2021 година на локалните избори. Се подновија, се обединија со себе, со граѓаните и со албанската опозиција и триумфираа“.

-И покрај тоа што Заев беше лидер кој има најголема можна меѓународна поддршка во историјата на Македонија, тој длабоко загуби. Овие пораки мора да ги прими албанската опозиција, која се оди од пораз во пораз, поделена меѓу себе и нејзините сојузници, без меѓународен кредибилитет, без програма и цели и целосно под контрола на локалната олигархија. Вака најверојатно ќе има долг живот во опозиција.. Нека земе пример од македонската опозиција, пишува Алмакос во анализа потпишана од Аниса Бахити.

 

Најнови вести