Откако професорот Блерим Река денеска преку социјалната мрежа Фејсбук ја потврди својата кандидатура како независен кандидат за претстојните претседателски избори во Република Северна Македонија, Движењето Беса и Алијансата за Албанците соопштија дека ја поддржуваат кандидатурата на проф. Д-р Блерим Река за претседател на државата.
Според нив, неговото богато академско и дипломатско искуство само ќе ја зајакне функцијата на претседател на државата.
-Како опозициски партии, сметаме дека претседателските избори во земјата немаат значење без албански кандидат, бидејќи во спротивно Албанците би биле сведени само на гласачи кои гласаат, но не и субјект за кој треба да се гласа. Од принципиелни причини, ја поддржуваме кандидатурата за претседател на професорот Река, се вели во соопштението на Движењето Беса.