вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Аманатидис: Повеќе од 140 земји го користат името Република Македонија

Аманатидис: Повеќе од 140 земји го користат името Република Македонија

Заменик-грчкиот министер за надворешни работи Јанис Аманатидис во изјава за Скај не го отфрли терминот „Македонија“ како дел од предлогот за решавање на прашањето за името и напомена дека привремената референца веќе го содржи тој термин, јавува МИА.

– Повеќе од 140 земји веќе ја нарекуваат земјата Република Македонија, рече Аманатидис, коментирајќи ја изјавата на Нимиц дека во предлогот ќе биде содржан терминот „Македонија“.

Тој потенцира дека целта на Атина е сложено име за севкупна употреба, кое ќе се користи и во Македонија и надвор од неа, како и елиминирање на иредентизмот од страна на Скопје.

Најнови вести