понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Амбасадорката Агелер во посета на архивот во Битола

Амбасадорката Агелер во посета на архивот во Битола

Вчера за време на посетата на Битола на амбасадорката на САД во Македонија Анџела П. Агелер, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Сојчевска, го посетија одделението во Битола на Државниот архив.

„Чест и задоволство беше можноста да бидеме во друштво на Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и Нејзината Екселенција Амбасадорката на Соединетите Американски Држави Анџела П. Агелер.

Презентацијата на нашето културно-наследство, Фондот “Браќа Манаки “, споделувањето на нашата визија за овај фонд, спомен собата на Манаки како и тековниот проект за дигитализација е нешто што не прави среќни и уште помотивирани да продолжиме да се грижиме за нашето национално богатство кое го поседуваме низ нашите архиви и да ја промовираме нашата архивска работа“ рекоа од битолскиот архив.

Најнови вести