недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американската амбасадорска Брнс му ги предаде акредитивните писма на Пендаровски (Фото)

Американската амбасадорска Брнс му ги предаде акредитивните писма на Пендаровски (Фото)

Новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Кејт Мери Брнс денеска му ги предаде акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски.

Брнс најави дека ќе ја поддржи борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото, а ќе работи и на зацврстување на безбедноста преку партнерството во одбраната.

Кејт Мери Брнс е дипломат веќе 26 години. Како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД на ОБСЕ во Виена.

За време на сослушувањето во сенатот, Брнс кажа дека работата на амбасадата ќе се фокусира на три области: ќе промовира стабилност низ силни институции, ќе работи на зајакнување на безбедноста преку партнерство и ќе работи на поттикнување на просперитетот преку позитивно влијание.

Нејзиниот претходник беше Џес Бејли кој си замина од функцијата во февруари оваа година.

Најнови вести