четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американскиот Сенат го потврди наследникот на Џес Бејли во Македонија

Американскиот Сенат го потврди наследникот на Џес Бејли во Македонија

Американскиот Сенат го потврди именувањето на Кејт Мери Брнс за нов амбасадор во Северна Македонија. Брнс е дипломат веќе 26 години, а како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно таа беше постојан претставник на Мисијата на САД на ОБСЕ во Виена.

Досегашниот американски амбасадор Џес Бејли од функцијата си замина во февруари.

Брнс претходно пред Комитетот за надворешна политика на Конгресот порача дека преку Преспанскиот договор, политичките лидери на Северна Македонија и Грција ги надминале тешките историски прашања, фокусирајќи се на иднината и напредокот, а земјата е на својот пат кон ЕУ и НАТО.

– Северна Македонија ќе напредува со унапредување на човековите права, инклузија на различностите, слобода на медиумите и отворен пазар – рече неодамна Брнс пред Сенатот додека ги претставуваше своите приоритети во Македонија.

Најнови вести