среда, 27. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

АМСМ: На повисоките места остатоци од кашест снег на патиштата

АМСМ: На повисоките места остатоци од кашест снег на патиштата

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести