Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини попладнево е зголемен, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Во извештајот за состојбата на патните правци од 18 часот, АМСМ соопштува и дека попладнево е нормализиран сообраќајот на патниот правец Штип – Радовиш кај Пилав Тепе.