среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ана Дурловски проговори за притворот на Игор: 15 униформирани мажи го зедоа Игор со нив пред нашиот најстар син

Ана Дурловски проговори за притворот на Игор: 15 униформирани мажи го зедоа Игор со нив пред нашиот најстар син

Oперска пејачка Ана Дурловски, сопруга на притворениот Игор Дурловски, светски познатиот оперски пејач, се пожали за време на неодамнешните гостински настапи во Штутгарт и Дрезден на политичка репресија врз граѓаните во нејзината татковина Македонија.

-Народот во Македонија се плаши- рекла 39-годишната уметничка на маргините на претставата во „Ариоданте“ во Државната опера во Штутгарт.

-Не постои владеење на правото или слобода на печатот во балканската држава, само политичка репресивност. Време е меѓународната заедница да ги отвори своите очи за авторитарните тенденции на земјите кои се стремат кон ЕУ. Игор Дурловски, кој е исто така пејач (бас) познат во западните земји до пролет беше уметнички директор на операта во Скопје, а од ноември е во притвор под сомнение за тероризам. Вкупно 36 лица беа уапсени на крајот од ноември за „заканување на уставниот поредок и безбедноста преку тероризам“ -пишуваат германските медиуми.

-Сигурна сум дека тој е невин- рече Дурловски за нејзиниот сопруг, кој е познат и во Германија.

-Адвокатите зборуваат за политички прогон. Конкретни тврдења или дури и докази за делото за кое се товарат притворените, не постојат досега. Петнаесет униформирани мажи пристигнаа на 28 ноември во 06:00 часот и го зедоа Игор со нив пред нашиот најстар син – рече Дурловски, која пееше во Штутгарт во операта “Ариоданте”, а на почетокот на 2018 година ќе може да се види како Кралица на ноќта на Семперопер Дрезден.

Најнови вести