Ана Петровска е партнер на Шилегов на локалните избори за да ги прибере незадоволните гласови од неговата работа
Ана Петровска поранешната прва инспекторка за животна средина беше разрешена на таа функција поради наводен конфликт со нејзината матична партија денес доби смисла таквиот потег, односно најави наводно независна кандидатура за да биде партнер во изборите на Шилегов.
Ана Петровска е блиска до нејзиниот екс сопартиец Мирсолав Богдановски од ДОМ кој даде неодамна оставка од пратеник во Собранието за да се вдоми во кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Меѓудругото по разрешувањето на функцијата прв инспектор за животна средина доби понуда Петровска од Заев да биде советник за животна средина во Владата.
Се наметнува прашањето дали денес доби улога да биде прокси, спотер кандидат на Заев за локалните избори?