среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АНБ не функционира од технички и политички проблеми

АНБ не функционира од технички и политички проблеми

Новоформираната Агенција за национална безбедност која треба да ја наследи Управата за безбедност и разузнавање како стожер на борбата против криминалот, корупцијата и да се грижи за безбедноста на граѓаните стартува со работа хаотично

Формирањето на Агенцијата за национална безбедност не ја задоволи потребата од темелни реформи во безбедносниот сектор, која се провлекува десетици години наназад. Според тоа како се спроведува новиот Закон за Агенцијата за национална безбедност (АНБ), но пред сè, како се врши процесот на селекција, се чини дека проблемот е далеку од надминат, а уште повеќе и дека реално и не постои волја за тоа.

Најголем пропуст на почетокот на работата на АНБ се смета начинот на селекција на кадри. И покрај тоа што постои Комисија за селекција, според наши извори, се врши неосновано оценување и незаконско се вршеле безбедносни проверки, што овозможува субјективна селекција, која на селекторот му дава дискреционо право да елиминира неподбни, односно да вработи подобни кадри, па макар биле со криминални досиеја или со фалсификувани диопломи и под дисциплинска постапка.

Сè уште како главен критериум при селекција се користи политичката припадност и со несмален интензитет се врши политичка елиминација на неистомисленици и се преземаат партиски послушници во нетранспарентна постапка.

Не е надминато ниту преземањето лица со несоодветно образование наспроти изоставањето лица со соодветно образование по безбедност со долгогодишно искуство и постигнатиодлични оценки во законскиот процес на оценување.

Со ова станува нејасно за кои работни места конкурирале примените кандидати бидејќи нема систематизирано работни места, а чим нема работна позиција тогаш изостануваат и работните задачи на нововработените разузнавачи.

Истовремено се уште постојат сериозни инфраструктурни пречки за отпочнување со суштинска работа поради нерасчистени имотно-правни односи со зградата и земјиштето доделено за седиште на АНБ. Дополнително, помеѓу највисоките партиски структури во СДСМ била разгледувана опцијата за спојување на АНБ и АР (Агенцијата за разузнавање) до крајот на оваа година и префрлање на седиштето на АНБ во АР.

Најнови вести