четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андонов: Нејасно е зошто се следеле комуникациите во кабинетот на претседателот

Андонов: Нејасно е зошто се следеле комуникациите во кабинетот на претседателот

Во случајот со строго доверливиот документ од УБК врз основа на кој судот одреди притвор за поранешниот
министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а кој беше оквалификуван како белешката со невистинита
содржина од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов, многу е важно да се каже кој дал налог за да се следи или прислушува претседателот.

Oва според универзитетскиот професор на Воената академија Оливер Андонов е клучното прашање што треба да и се одговори на македонската јавност.

-УБК мора да влезе во сериозен процес на реформирање. Целокупниот безбедносен систем има потреба од реформирање, со цел граѓаните да имаат доверба и гаранција за безбедност. Нејасно е зошто се следеле комуникациите во кабинетот на претседателот, вели Андонов за „Магазин“.

Треба да се знае кој раководи со безбедносниот систем во државата, додава Андонов. Прашањето, вели тој, е како да се направи служба која навистина ќе им служи на граѓаните.

Најнови вести