недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андонов: За случката со претепување на двајца бивши министри политичка одговорност треба да сносат директорот на управата за извршување санкции и министерот за правда

Андонов: За случката со претепување на двајца бивши министри политичка одговорност треба да сносат директорот на управата за извршување санкции и министерот за правда

За случката со претепување на бившите министри Миле Јанакиески и Спиро Ристоски говореше и политичкиот аналитичар Оливер Андонов во емисјата „Само вистина“.

Според Андонов пропуст е на процедурите во затворот. Но не се согласува дека директорот сноси политичка одговорност. Директорот е таму менаџер и има стручна одговорност. Тој бил одговорен за распоредите, за прифатот таму, како ќе ги организира, кој каде ќе биде сместен, кој кога ќе излегува на едночасовната прошетка. За него политичката одговорност, а има политичка одговорност бидејќи се нападнати двајца поранешни министри од опозициската сегашна партија, политичката одговорност носи на прво место директорот на управата за извршување санкции но и министерот за правда. Бидејќи тоа е врзан ланец на систем на регулирање на работите.

Како може да си поигруваме повторно со јавноста, ќе глумиме еве дека си дадов оставка ама мене не ми ја прифаќаат оставката сега. Не ја прифаќаат според Бошњаковски бидејќи вршеле промени во предизборен период, запраша Андонов.

Најнови вести