петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновска: Целото раководство во ЈСП е поставено од градоначалничката и нема ниту еден кој што е предлог на ВМРО-ДПМНЕ

Андоновска: Целото раководство во ЈСП е поставено од градоначалничката и нема ниту еден кој што е предлог на ВМРО-ДПМНЕ

„Гледате и самите кој се јавува од местото, кој постојано дава изјави од самото место каде што се протестира. Прв оној кој што повика на протест беше генералниот секретар на Град Скопје заедно со директорот на ЈСП. Еве денеска го гледаме заменикот градоначалник таму кај автобусите“, истакна Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје од редовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „24 анализа“.

Андоновска додаде дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш ќе реагираат на ваква ситуација, бидејќи граѓаните не смејат да останат без јавен превоз и без плати.

„Во тој Управен одбор на ЈСП не се само членови или поддржувачи од ВМРО-ДПМНЕ, тоа се членови кои што ги предложиле различни политички партии меѓу кои и самата градоначалничка има сопствени предлози таму внатре. Тоа е првата работа. Втората работа е како можете да покажете прст кон Управниот одбор на јавното претпријатие, а претходно беа најдени десетина виновници, ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Навистина според градоначалничката сите се виновни само таа не е виновна и директорот кој што е поставен од нејзе не е виновен. Тоа претпријатие го има условно кажано градоначалничката од самиот почеток од кого е назналено. Нејзин и личен избор е кадарот и претходниот и сегашниот директор. Ако ја погледнете менаџерската структура на самото претпријатие ќе видите дека сите луѓе кои што се блиски до директорот, технички директор, оперативен директор, финансов директор, сите тоа се луѓе од Арсовска и се луѓе блиски до актуелниот директор. И исто така сега мораме да го споменеме како и самиот директор на јавното претпријатие се членови на Социјалдемократскиот сојуз кој што во не така одамна биле директори на метереолошки заводи, итн. Значи целото раководство кое што е во институцијата е поставено од градоначалничката и нема ниту еден кој што е предлог на ВМРО-ДПМНЕ“, појасни таа.

Таа посочи дека втората работа за Управниот одбор, познавачите треба да знаат дека Управниот одбор работи по насока на она што го добие од самиот директор. Тие од Управниот одбор имаат ограничен увид во процесите што ги води јавното претпријатие. Така да, не може да с еобвини Управниот одбор.

„Се она што директорот им предложил или им дал како документација сето тоа било прифатено од нивна страна. Не можеш да го обвинуваш Управниот одбор“, нагласи Андоновска.

Најнови вести