Филипче во трка за “маж на годината”, до ова му дојде, додека луѓе умираат!? Да има натпревар во неспособност и тогаш ќе биде втор, бидејќи е неспособен!, реагира Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целата Фејсбук објава на Андоновска:
До ова му дојде, додека луѓе умираат!?
“Лепотан” на мајка, “маж на годината”!?
За што!?
За тендерите во четири очи!?
За хациендите што си ги гради!?
За граѓаните кои ги одра до гола кожа да плаѓаат по приватни болници!?
За немањето на протокол и стратегија за лекување од Covid !?
За луѓето кои му умираат по улици , незгрижени!?
За современите терапии кои се користат секаде, а кај нас ги нема!?
За хроничните болни кои ги примора да одат на работа, а термин за преглед неможат да обезбедат!?
За матичните доктори и стоматолози, кој не ги праша како се за време на цела пандемија, а камо ли да им помогне!?
За здравствените работници кои сами си купуваат заштитна опрема !?
За немање “бел план”!?
За немање термин за тестирање државно, освен за функционери на СДС!?
За 3500 здравствени работници кои не се вработени, а се враборуваат партиски војници во администрација, во време кога недостасува здравствен кадар !?
За најмногу заболени и најмногу починти во регионот и пошироко!?
За најдонар ПР, за што !?
Избор за маж на годината, лудило!
До тоа му дојде на најнеспособниот министер за здравство!?
Да има натпревар во неспособност и тогаш ќе биде втор, бидејќи е неспособен!, вели во својата објава Андоновска.