петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновска го демантира Каракачанов: Имам едно и единствено државјанство и пасош-Македонски!

Андоновска го демантира Каракачанов: Имам едно и единствено државјанство и пасош-Македонски!

Најостро ги демантирам пишувањата на Красимир Каракачанов на неговиот ФБ профил, поврзани со мојата етничка припадност.
Каракачанов лаже!
Јас Марија Андоновска , Македонка од Република Македонија, родена сум и живеам во патриотска населба која го носи името на големиот Македонски револуционер Ѓорче Петров.
Имам едно и единствено државјанство и пасош-Македонски!
Измислиците на Каракачанов нема да ме одвратат од борбата за Македонија и воедно секогаш ќе продолжам жестоко да се спротиставувам кога овој политичар ќе се обиде да го негира Македонскиот идентитет, јазик и историја!
Не ме чуди што токму во овој период кога неговиот пријател Заев се дави во скандали Каракачанов го спасува, обидувајќи се да дефокусира од темите кој значат живот и опстанок на Македонските граѓани.
Дефокус баш сега!?
Не поминува провидно е!
Власта наместо да ги ангажира своите “сламки” за спас, да понесе одговорност за тоа што го загрози животот и здравјето на граѓаните и што многумина ги изгубија своите најмили токму поради негрижата на Заев и Филипче и нивниот обид да профирираат од вакцини кој го гледаме во документираниот скандал деновиве обелоденет во Италијанскиот весник!

Фејсбук статус на Андоновска Марија

Најнови вести