Не знам дали целиот овој хаос е поради крајна неспособност на власта, аматерските мерки, чекањето провизии за во џеб или го имаат утнато тајниот агент, но едно знам, вакцини за тие кои сакаат да се вакцинираат, нема!, пишува на својот Фејсбук профил Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Има ли некој сериозен од СДС да ни објасни, но да не лаже!?
(Заев и Филипче, отпаѓаат, не се во оваа категорија која се бара)
Се е под контрола или ништо не е!?
Безбедно е или не!?
Полициски час или попис!?
Некако не ми оди, да ни дојдат дома невакцинирани попишувачи, а притоа не држат дома под полициски час!?
Воедно болниците полни, се собираат донации за лечење во приватни болници, автобусот кој ги носи вакцините се фарба во моментов, вистински мерки нема, а бројките на заболени растат.
Нож до коска ли е дојдено за попис, не разбирам!?
Дајте не го жртвувајте народот, доста пропативме, одложете го пописот!?, повикува Андоновска.