четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновска од Радовиш: Граѓаните живеат тешки 4 години откако СДСМ е на власт, ВМРО-ДПМНЕ ќе изготви програма за подобар животен стандард на граѓаните

Андоновска од Радовиш: Граѓаните живеат тешки 4 години откако СДСМ е на власт, ВМРО-ДПМНЕ ќе изготви програма за подобар животен стандард на граѓаните

Живееме тешки денови и не само тешки денови туку четири тешки години од кога Социјалдемократскиот сојуз е на власт. Народот се соочува со многу проблеми, животниот стандард е паднат, цените на прехранбените продукти растат, цените на струјата растат, цените на горивата, на мазутот растат, а народот нема пари, порача од Радовиш, Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Здравството ни е колабирано, немаме никакво образование, во 21 век децата немаат ниту свидителства, земјоделците се уште ги чекаат своите неисплатени субвенции, а веќе имаат и нови давачки, младите немаат егзистенција, проблеми се повеќе и повеќе. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, ВМРО-ДПМНЕ е партија која што е партнер заедно со граѓаните, ние сме денеска тука во Радовиш на средби со граѓаните заедно со претставници од централните комисии за здравство, образование, земјоделие, спорт и млади. Нашата цел е да се сретнеме со граѓаните непосредно, да поразговараме за проблемите кои што тие ги имаат, да ги размениме искуствата и нормално нивните проблеми да ги преточиме во проекти кои што ќе значат подобар живот за сите нив во иднина. ВМРО-ДПМНЕ од тука ќе продолжи и во останатите градови Струмица, Гевгелија, сите денови се дур е потребно да се видиме со секој човек, со секој граѓанин, со секоја група, се со цел да можеме да направиме една програма која што ќе ги опфаќа сите овие категории што ќе значи подобар животен стандард за сите граѓани, истакна Андоновска.

Македонија за сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ партнер на граѓаните во Република Македонија, додаде таа.

Најнови вести