На денешната седница на Град Скопје советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски го поздрави досегашното кратко работење на Градски паркинзи и побара како дел од субвенциите да бидат предвидени средства за ослободување од плаќање на паркинг на крводарителите на просторот на клиничка болница.
-Го поздравувам тоа што во првата недела се започна со чистење на паркинзите изминатите години не бевме научени дека паркинзите може да бидат и чисти па можеби и тоа е дел од развојната компонента, нагласи Андоновски.
Андоновски апелираше да бидат предвидени средства за предизборно ветување а тоа е ослободување од плаќање паркинг на крводарителите на паркинг просторот на клиничка болница.
-Она што би сакал да апелирам сега како дел од овие субвенции да бидат предвидени средства од овие субвенции за едно предизборно ветување кое што ние го имавме како советничка група а тоа е за ослободување од плаќање паркинг на крводарителите на паркинг просторот на клиничка болница. Имено праксата коај што беше воспоставена до 2017 година е крводарителите во трансфузиологија да бидат ослободени од еден час паркинг или два часа паркинг колку што е потребно да ја напрват оваа хумана дејност но претходниот градоначалник Петре Шилегов заедно со раководството во паркинзи ја укинаа оваа можност и крводарителите плаќаа паркинг четири години, јас сум еден од нив таму има и други категории на лица кои што би можеле да бидат ослободени од паркинг, па така апелирам да управниот одбор на Градски Паркинг го разгледа ова прашање кога ќе ја разгледува програмата за работа за оваа година и да го предвиди, заклучи Андоновски.