вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Бугарија има сериозен проблем со македонскиот јазик и идентитет, а Владата е лицемерна затоа што не го вклучи ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за клучните политички прашања

Андоновски: Бугарија има сериозен проблем со македонскиот јазик и идентитет, а Владата е лицемерна затоа што не го вклучи ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за клучните политички прашања

Прво недостатокот на информации кој што очигледно постои и никој од граѓаните не знае за што се преговара, а истовремено опозицијата на Бугарија по медиуми, бугарски аналитичари или пак некој од странските преставиници дознава за некои разговори кои што постојат, а ние не сме информирани., тоа е едната страна. А, втората страна недовербата кон Владата која што зборував ги хранат или ги креираат револтот и стравот кај граѓаните. И тој револт и страв се се присутни. И затоа ние тоа го чувствуваме како опозиција дека граѓаните се уплашени и дека нешто се преговара со Бугарија зад кулисите. Деталите од таквите преговарања ги немаме, но очигледни се коментарите на Петков, но и на владините преставници кои што ги даваат наоколу дека се многу оптимисти, дека се блиску до некакво решение, а никој во Македонија ниту опозицијата, ниту пак било кој од граѓанството не знае кои се контурите на таквите преговарања,истакна Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Андоновски додаде дека ако тие преговарања завлегуваат во националните интереси за кои што власта убедува дека не е така, вербата на граѓаните во тие убедувања не може да биде цврста затоа што не постојат кредибилни резултати кои што доаѓаат од Владата.

-Знаете во ноември месец Крешник Бектеши од позиција на министер велеше немаме енергетска криза, го слушам вчера премиерот вели ние во ноември знаевме дека има енергетска криза и затоа така го проектиравме Буџетот. Да не повторувам и за датумот од 2018-тата година, само што не сме го добиле, еве го добивме и така натаму. И граѓаните не веруваат на таквите, рече Андоновски.

Андоновски посочи дека потребно е Владата да излезе јасно да каже за што се преговара со Бугарија.

-Работните групи се однесуваат на се освен на прашањата кои што Бугарија ја интересираат, а тоа се националните прашања, овие т.н. 5+1, 4+2 итн. да влезете во работна група, да се договарате за фудбал, затоа што тоа беше еден од договорите потпишан на ниво на спортот и младите, нема никаква потреба. Државата ја водат институциите, нема потреба ВМРО-ДПМНЕ да коментира нешто во делот на заштита на животна средина, на летот Скопје – Софија, или за Агнеција за млади и спорт за што потппишаа договори. Државата треба да ја водат институциите, а Владата е лицемерна затоа што не не вклучи во преговорите кои што се однесуваат на клучните политички прашања. Бугарија нема проблем со македонскиот фудбалски клуб Вардар. Бугарија има сериозен проблем со македонскиот јазик, македонскиот идентитет, самостојноста на македонскиот народ, нагласи Андоновски.

Најнови вести