Добро е што македонскиот културен клуб во Благоевград носи име на општо прифатена личност од двата народи, голем антифашист. Ние како партија го поддржуваме овој процес или клубовите. Некои не ни поминаа регистрација или се забранети и кои поминаа голготи во Судот за човекови права во Стразбур, а станува збор за право на здружување, на говор. Тоа се Македонци и знаеме дека нивната борба ќе биде тешка, но ќе најдат начин правно да го вообличат тоа и да делуваат. Ова го кажа Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во Тема на денот што се емитува во централниот Дневник на телевизија Сител.
Говорејќи за присуството на партиска делегација на отворањето на клубот во Благоевград што се случи викендов, Андоновски рече дека тоа е историски настан, на кој доаде „ќе се навраќаме со гордост“.
Според него доколку Бугарите отвориле клуб во Македонија кој би се занимава со културни прашања, на пример насловен како Васил Левски би бил еднакво прифатен.
„Но, тие отвораат клубови за провокација, а не некои кои би соработувале на пример со наши уметници. Клубовите им се само со нивната реклама и да направат негативни чувства на Македонците, ако се оди на отворање на клутурни клубови тоа ќе биде само соработка и никој нема да има против тоа“, рече Андоновски.
Ако надлежните ги читаа добро законите и пресудите од Европскиот суд во кои забрануваат негирање и славење на фашизмот, кажа Андоновски, надлежните можеа да кажат при регистрација да кажат дека бугарските клубови може да предизвикаат негативни чувства.