СДС е помал партнер во владата, а тоа се базира на неколку аспекти. На прашањето до Ковачевски како ќе функционира владата, Ковачевски не одговори сам, туку се заврти кон Ахмети да го праша, и одговорот беше како и до сега. Второ кога се случува турбуленциите во ДУИ, немаше проблем Ковачевски со ситуацијата, туку целата влада на Ковачевски дојде, сите пратеници дојдоа во одбрана на Артан Груби. Клучните проекти не ги води Ковачевски, туку ги водат Артан Груби и Крешник Бектеши, вели Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Интервју на ТВ Шења.
Андоновски потенцираше дека ДУИ е главен во владата, но ефектите и бенефитот од тоа владеење го гледа само Артан Груби и екипата околу него.
ДУИ не владее добро, инаку ДУИ владее. И тоа е проблемот. За жал апсолутно ништо не направи за граѓаните. Владеат со државата, но ефектите и бенефитот од тоа владеење го имаат само Артан Груби и екипата околу него, а го немаат албанските граѓани. Јас ќе бев среќен ако се направеше за било кој граѓанин во Македонија, затоа што исто се иселуваат граѓаните и од Кичево и од Тетово, како што се иселуваат од Велес, Кочани или Берово, истакна тој.
Андоновски истакна дека во најскапиот проект за изградба на коридорот 8 главен лик е Груби, додека пак во концесиите за минерални суровини е Бектеши.
Најскапиот проект коридор 8, главен лик во приказната а очигледно и најкорумпиран од сите е Артан Груби. Главен лик во разделување на концесии на минерални суровини е Крешник Бектеши, додаде Андоновски.