среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: И МНР е виновно за неотпочнување на преговори со ЕУ – Пола амбасади ни се празни, се уште немаме амбасадори ниту во Вашингтонг и Москва

Андоновски: И МНР е виновно за неотпочнување на преговори со ЕУ – Пола амбасади ни се празни, се уште немаме амбасадори ниту во Вашингтонг и Москва

Во емисијата „Филибастер“ на радио Лидер гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски. Тој кажа дека една од причините што Македонија нема почнато преговори со Европската Унија е неагилноста на Министерството за надворешни работи и дека амбасадите ни се празни.

– Една од причините зошто не отвараме преговори со ЕУ а тоа е неагилноста на Министерството за надворешни работи . Ми се чини дека уште лани во Јануари или Февруари месец алармирав дека половина од амбасадите ни се празни односно не се пополнети со високи претставници амбасадори и тоа не чинеше неотварање на преговори затоа што вие немате лоби мрежа во државните членки на европската унија рече Андоновски.

Андоновски истакна дека Македонија нема амбасадори во две клучни седишта во светот а тоа е Вашингтонг и Москва но дека исто така Македонија нема амбасадори и во Обинетите Нации, во Пекинг, Белград и Софија.

-До ден денеска ние само кон крајот на минатата година пополнивме пет или шест амбасади и сега вчера или завчера испраќаме уште седум ми се чини амбасадори. Ние немаме амбасади во двете клучни седишта во светот а тоа се Вашингтонг и Москва, ние немаме амбасадор во Обединетите Нации ние немаме амбасадор во Пекинг, нема амбасадор во Белград и во Софија. Значи на клучни позиции ние немаме своја амбасадорска мрежа потенцираше Андоновски

Најнови вести