Нашите сомнежи се дека на средбата која се случила на средбата во влада помеѓу Данела Арсовска, Димитар Ковачевски и еден градоначалник од скопските општини, било дискутирано за делот од овие бизнис набавки меѓу кои и набавка со бизнис партнерот и дел од коалицијата на СДСМ и тоа е причина за колапсот кој му се случува на градот, изјави Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПММНЕ и советник во Совет на град Скопје за „Тема на денот“ на Сител ТВ.
Андоновски истакна дека може да се случи Скопје да остане без јавен сообраќај и тоа ќе биде одговорност на дуото Димитар Ковачевски и Данела Арсовска.
– ЈСП е доведено до колапс и не може да исплати ни плати на своите вработени ни давачки, а во исто време менаџерскиот тим потпишува договор за набавка на гориво по цена на 118 денари за литар со ДДВ, а во моментов пазарната цена е 84,5 денари за литар дизел. Тој договор потпишан на 25 октомври. Овие фактури ЈСП редовно ги сервисира, но не ги сервисира приватните превозници и обврските кои ги има кон нив, рече тој.
Андоновски нагласи дека лицето кое е назначено за директор во мај месец е член на СДСМ, активен во општинската организација во Аеродром, а вработен во ЈСП во времето на Петре Шилегов и во тоа време врши високо раководна позиција во рамки на ЈСП, а сега поставен од Арсовска за директор.