Во тема на денот на ТВ Сител гостуваше Стефан Андоновски советник во град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ кој што истакна дека вработените во Град Скопје се во многу лоша ситуација а коалицијата на СДСМ, ДУИ, Левица и поддржувачите на Данела ги гласаа сите финансиски планови и програми за кои што сега критикуваат.
„За овој месец надоместок советниците немаат добиено. Но не би сакал да се жалам затоа што во многу полоша ситуација се вработените затоа што живеат од плата и живеат од овие исплати кои што треба да ги направи град Скопје и во јавните претпријатија кои што се жалат на не навраменото исплаќање на плати се сеќаваме и на протестите кои што ги организираше синдикатот во ЈСП за неисплатени плати, така што многу е сериозна ситуацијата, многу сме загрижени и не можат граѓаните да посведочат за еден настан за кој што ние ќе донесиме добри вести од градот Скопје и тоа навистина искрено ме загрижува“, нагласи Андоновски.
Андоновски рече и дека не е против одржување на вонредна седница напротив но за тоа се потребни материјали од Град Скопје кој што се однесуваат на предложената точка на дневен ред.
„Проблемот е малку поголем затоа што на таа седница само политички би се разговарало каква е состојбата.Советот нема да може да постапува. Но советот кај што можеше да постапува чудно СДСМ во коалиција со ДУИ Левица и другите кои што се поддржувачи на Данела Арсовска тајно или без никаква аргументација одеднаш започнаа да ги гласаат сите нејзини финансиски планови и програми. На почетокот од годината не ги гласаа и тие програми не поминуваа магично еве можам да ви кажам последните два месеци активно се гласааат програмите кои што доаѓаат од страна на град Скопје и на јавните претпријатија од страна на токму оваа коалиција СДСМ, ДУИ, Левица и поддржувачите на Данела Арсовска. И тие финансиски плановии програми поминаа. А сега ја критикуваат финансиската ситуација во Град Скопје“ ,истакна Андоновски.