Стефан Андоновски, советник за меѓународна политика на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за ситуацијата со министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи поврзана со таблата која се наоѓала во позадина на нејзина прес конференција каде посочи дека ова го прави СДСМ затоа што им е страв дека таа започна со откривање на скандали и злоупотреби во функционирањето на МТСП
-Не очекуваме дека ќе се случи разрешување на Мизрахи. Очевиден е стравот дека министерката започна со откривање на бројни скандали, злоупотреби во функционирањето на МТСП. Да спомнам вчера или завчера на прес конференција Мизрахи објави дека економско-социјалниот совет не функционирал и не носел одлуки на начин со кој тоа со закон и правилник е утврдено. Прави посети во сите населени места, градови, социјални центри и забележува дека работите не функционираат како што треба и ова е обид на владеачката структура предводена во моментот од техничкиот премиер да ја префрли топката на страната на министерката и со едни смешни обвинувања и му предлага на Собранието да ја разреши. Очевиден е стравот зошто наместо да се зафатат со реални прашања, проблеми да видиме кога разговарал Зоран Заев со Боки 13 , што му кажал, колку бил вмешан, зошто не пријавил кај Вилма Русковска навреме, ние ќе се занимаваме сега со таблата која што во одредени министерства ја има, а некаде нема табли, истакна Анодоновски.
Андоновски во врска со барањето на СДСМ за разрешување на Мизрхи посочи дека тоа не е паметно од нивна страна затоа што ќе ја втурнат државата во една сериозна политичка криза.
-На граѓаните им е преку глава од ваков тип на кризи и тие очекуваат една стабилна мирна иднина и ова само прави една дополнителна тензија во општеството кое немам никаква полза, додаде Андоновски.