Македонија за жал последните години е најслабиот ученик во одделението и затоа сите од околу имаат некакви желби и побарувања кои што се надвор од овие реформски пакет кој што треба да го испорачате пред ЕУ, но првенствено пред граѓаните, вели Стефан Андоновски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Детектор на ТВ Сител.
Андоновски истакна дека со промена на Уставот нема да се затворат прашањата и барањата од страна на Бугарија.
Ако Македонија беше лидер во реформите и Македонија имаше сериозен напредок во образование, инфраструктура, здравство, секако со помош на ЕУ, но секако ако ги имаше овие чекори тогаш аргументите на страна на Бугарија ќе беа многу помали. И дали со затворањето на прашањето со Бугарија ќе се отвори само прашањето на реформите, јас не сум сигурен дека со промената на Уставот ќе се затвори прашањето со Бугарија. Напротив, ќе се даде легитимитет на барањата на Бугарија. тоа е едно од барањата на Бугарија. Видовме коментари од нивните највисоки функционери, тоа е претседателот Румен Радев кој што има најголема поддршка во бугарското општество за жал, дека тој може да бара заштита на бугарското малцинство во Македонија од репресијата на македонските власти. И сега што ќе се случи ако утре се менува Уставот, Бугарите од Македонија влегуваат во тој Устав, за три месеци од денеска Румен Радев излезе и каже дека заради некој Христијан Пендиков 2 некој случај во Битола, ние сметаме дека треба да запрат преговорите, затоа што вие систематски не ги почитувате правата на Бугарите во Македонија, што правиме тогаш, праша Андоновски.
Според Андоновски потребно е Македонија да се реформи внатре, бидејќи само со вистински економски можности и за млади и за сите категории на граѓани, добри образовни услуги, добро здравство, здрава животна средина, македонските граѓани ќе сакаат да останат во Македонија, укажувајќи дури и 25 пати да се промени македонскиот устав тоа нема да го запре иселувањето.
Ние мораме да станеме подобри внатре. Затоа што ако не станеме подобри внатре тогаш отворањето на преговорите или продолжувањето на преговорите ќе значи иселување на нова бројка на луѓе. Јас никогаш не можам да се согласам дека промената на името или промената на Уставот ќе значи намалување на иселувањето од Македонија. Само вистински економски можности и за млади и за сите категории на граѓани, добри образовни услуги, добро здравство, здрава животна средина ќе значат македонските граѓани да сакаат да останат во Македонија. А уставот можете да го промените и 25 пати, но само ќе се зголемува бројката на иселени лица. Последните податоци кажуваат дека последните 4 години се имаат иселено 100.000 нови работоспособни лица, рече Андоновски.
Затоа сметам дека било каква промена на Уставот ќе значи козметика или потпишување на тоа што ни е побарано, но ако ни недостасуваат сериозни реформи, џабе е што и да потпишеме следниот период, дециден е тој.