недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Расипништво се 300 илјади евра во луксузни возила, 170 дена патувања во странство, тендерите и грантовите на Димова

Андоновски: Расипништво се 300 илјади евра во луксузни возила, 170 дена патувања во странство, тендерите и грантовите на Димова

Стефан Андоновски, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во телефонско вклучување на емисијата на Канал 77 во која беше гостин Лидија Димова, и посочи дека нејзиното однесување е расипништво затоа што преку 300 илјади евра има потрошено на луксузни возила, патувања во странство, тендери и одобрени грантови за фризерници со СВ за медиумска писменост.

-Знаеме колку чинат возилата што ги има набавено Димова и тоа не се возила од ниска класа, набавката чини над 100 илјади евра тоа е расипништво, вели Андоновски.

Тој критикуваше дека расипништво се 170 денови на патувања во странство и расипништво е да направите тендер од над 100 илјади евра на фирма за маркетинг услуги и сумата од над 300 илјади евра во луксузни возила, патувања во странство и тендери.

-Димова зборува тотални нелогичности, чиста глупост е дека правилник донесен од страна на Националната агенција може да биде во спротивност во домашните закони, кога таа треба да постапува во согласност со законите и Уставот на Република Македонија, а меѓународните прописи важат во земјава ако се ратификувани кај нас, тоа не е случај со Правилникот на Националната агенција која ја води Димова, вели Андоновски.

Андоновски праша како во ревизијата, внатрешниот ревизор не видел дека на Димова и недостасуваат 20.000 евра кеш пари од благајната и кој е одговорен за тоа, за тоа не е одговорен некој вработен, туку ова е основ за нејзино разрешување.

Во однос на доделување на грант за фризерницата Андоновски потенцираше како може на соработник на Агенцијата и пријател на Димова да му се доделуваат грантови.

-Кое CV го има една фризерница, фирма која се занимава со дејност фризерски услуги, да се занимава со медиумска писменост, нема никава логика една фризерница да има CV во областа на медиумска писменост, критикуваше Андоновски.

Андоновски вели дека секоја објава на Агенцијата која ја води Димова доцни по неколку месеци и организациите кои аплицирале претходно не можат да аплицираат повторно, затоа не знаат што згрешиле првично.

Андоновски потенцираше дека постапки против Националната агенција се воделе и ќе се водат пред надлежните ограни како Народниот правобранител и судовите.

-Ние плаќаме даноци за Лидија Димова да земе плата и расипнички од 365 дена, 170 дена во годината да троши на патувања и згора на се да не си ги врши законските надлежности, а тоа е контрола на материјалното и финансиското работење на Националната агенција, ја критикувапе во емисијата Андоновски, директорката Димова која рече дека оставка нема да си даде.

 

Најнови вести