сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Резултатите се поразителни, покачен е бројот на млади невработени, иселувањето е фрапантно

Андоновски: Резултатите се поразителни, покачен е бројот на млади невработени, иселувањето е фрапантно

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ гостуваше советникот за надворешна политика од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски кој кажа дека фактите во врска со младите се поразителни.

Андоновски потенцираше дека според извештајот на Светска Банка бројот на невработени млади е покачен од 44,5 % на 54, 8 % , понатаму дека иселувањето е фрапантно и дека околу 25.000 млади се иселуваат годишно и дека тоа ја чини државата од 30 до 40 милиони евра на годишно ниво.

Додаде дека владата има 330 милиони денари скратени средства од буџетот кои што се наменети за образование што е поразителна бројка од кои 125 милиони денари наменети за инфраструктурата во истото.

Андоновски посебно стави акцент на младите доктори кои што се почесто посетуваат курсеви по германски јазик со мотив за наоѓање работа во Германија и перманентно иселување од државата што е директно поврзано со огромното иселување на млади во земјава.

Советникот за надворешна политика кажа дека младите добро живеат но само они кои што се иселиле во некои од европските држави.

Најнови вести