среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: СДСМ единствено што сработува е шверцерско носење на закони

Андоновски: СДСМ единствено што сработува е шверцерско носење на закони

Стефан Андоновски, советник за меѓународни односи на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше на „Само Вистина“ кај што посочи дека владеење на правото во Република Македонија поради СДСМ нема. СДСМ единствено носи шверцерски закони.

-Жално е кога раководител на државна институција вели ЌЕ чекаме, да видиме што ќе се случува со ЕУ. А, треба да каже ЌЕ работиме за да постигнеме подобри резултати. Но се научија СДСМ да спијат, да чекаат овие три години и да не сработуваат, нагласи Андоновски.

Андоновски додаде дека СДСМ единствено што сработува е шверцерско носење на закони. А, знаеме дека еден од приоритетите да имаме владеење на право.

-Не може да имате владеење на правото во Република Македонија, доколку знаеме дека премиерот на државата знаел 15 дена, 10 дена пред да се јави кај Јавниот обвинител со какви докази треба да располага Јавниот обвинител., какви тешки кривични дела се случиле и тоа му било кажано директно од човекот кој што ги правел тие тешки кривични дела. Медиумскиот мецена на СДСМ и нивниот чест медиумски гуру каде што сите пропоненти на СДСМ гостуваа. Не смее да ни се случи во една држава премиерот знае за кривично дело, чека 10-15 дена за да и каже на главната Јавна обвинителка за организиран криминал, за потоа таа иако треба веднаш да почне да постапува, си дава рок од неколку месеци, па обвинителката може да оди на одмор, да се врати и да почне процедура, појасни Андоновски.

Андоновски образложи дека не е владеење каде што СДСМ не ја поместува црвената линија за Катица Јанева да е обвинител. За потоа да ни се случи тоа што ни се случи и СДСМ да ретерира 230 чекори назад.

На крајот на денот не е владеење на правото навечер во 10 часот да се дава предлог на закон за ЈО во Влада, да се враќа законот, па имавме сведочења од пратеници како се договарале и пазареле, истакна Андоновски.

Најнови вести