Да бидам целосно јасен и прецизен пратениците на ВМРО-ДПМНЕ под вакви околности и ова парламентарно мнозинство нема да гласаат за уставни измени. Ние се соочуваме со сериозен проблем кој го наметна СДСМ. Тие се договорија дека билатералниот договор со Бугарија да влезе во преговарачката рамка, вели Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, потенцирајќи дека во вакви со вакви преговори Бугарија може кога сака да не блокира поставувајќи нови услови и вакви преговори не се гаранција за идентитетот, и јазикот.
Андоновски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како сериозна партија која претендира да дојде на власт и да ги решава проблемите ќе мора да се справи и со ова прашање, како и да се справи со корупција, животен стандард, недостаток инвестиции.
– Мора да видиме мора да видиме како ќе го заштитиме македонскиот национален идентитет, како ќе се заштитиме од други бугарски побарувања. Проблемот е да видиме дали Бугарија ги поддржува нашите граѓани таму и нашите граѓани тука, на првиот свиок може да имаме повторно кочење од страна на Бугарија но сега по некој друг основ, рече тој.
Како што појасни тоа може да биде Бугарија да бара да се „признае“ дека Гоце Делчев е Бугарин или нема да продолжат преговорите, да се признае дека не постои македонски јазик и дека е форма на бугарскиот или нема понатаму.
– Бугарија може да бара дека Македонците до 1945 биле Бугари и дека потоа со декрет на Тито станале Македонци и да не блокира. Се додека ова не се превенира не смее да се чепка Уставот. Начинот е да се најдат европски модалитети со кои ќе се гарантира дека никој нема да не чепка во нашиот идентитет, јазик, припадност културна и национална се до пристапувањето во ЕУ. Значи патот од сега до влез во ЕУ да биде чист во таа смисла, истакна Андоновски.
Андоновски нагласи дека наместо тоа, за членство во ЕУ од Македонија треба да се бара исполнување на критериуми во животна средина, здравство, борба против корупција, правосудство, и треба да бараат да си ја завршиме домашната работа.
– Но ако таму седат луѓе кои бараат мојата прабаба или прадедо биле Бугари за да бидеме дел, тоа е услов за кој нема шанси да се согласиме. Ние не смееме да дозволиме да станеме членки на ЕУ, а да престанеме да бидеме Македонци, нагласи тој.