Сметам дека влада можеше и мораше повеќе да направи во очи на оваа криза. Не дека можеше да влијае на процесите во Украина, но имам чувство дека владата како да се однесува како независен аналитичар во состојбите. Зошто? Прво нема никакво фајде од Советот за безбедност, нема никакви заклучоци кои што се нешто повеќе од медиумите, аналитичарите ги даваат, нема работна група на високо ниво која што ќе ги анализира и ќе се справува со економските последици кои што се очекуваат и за кои што светските медиуми веќе 7, 8 дена пишуваат, нема никаква реакција, смета Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.
Андоновски вели дека реакциите од страна на македонските граѓани во Украина да се снаоѓаат сами како знаат и умеат за да ја напуштат земјата бидејќи Министерството за надворешни работи не прави ништо во однос на тоа се сериозно, додавајќи дека
Нешто што денеска сериозно ме исплаши една реакција од нашите во Украина вели, нема организација од нашите спасувајте се како знаете, така еден од луѓето им кажува на останатите. Тој веќе чека за во конвојот за Бугарија, но вели за останатите спасувајте се како знаете зошто нашите не прават ништо да ни помогнат. Една силна дипломатска активност ќе најдеше повеќе извори повеќе конвои и повеќе начини како да ги извлече македонците од Украина, а тоа не се случи. Чекаме единствено на конвојот од Бугарија и треба да сме благодарни на владата во Софија која што обезбеди делче од тој конвој и за македонски граѓани. Но, каде се владите на другите држави односно зошто ние не сме побарале помош од нив, посочи тој.
Во однос на економската криза Андоновски истакна дека владата на СДСМ не прави ништо за помош на граѓаните од економската криза, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ денеска во собранието поднесе сет на закони кои што значат намалување на акцизата на горивот, намалените царини за прехранбените производи, нула ДДВ за храната, нула ДДВ за енергенсите се со цел како што рече тој да им се помогне на граѓаните и на производителите.
Нема економски пакет на мерки за справување со последиците да речеме во земјоделието, во енергенсите затоа што два главни ефекти се очекуваат во економијата, раст на цени на енергенси и храна и последица од санкциите или од контра санкциите. Владата не излезе со таков пакет мерки и би кажал дека повеќе идеи даваат ВМРО-ДПМНЕ, новинарите и аналитичарите, отколку што самата влада а реален пример за тоа е денешното поднесување на закони во собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ а со кои што се намалува акцизата на гориво, и би требало горивото со донесување на тој закон да падне за граѓаните од 9 односно 13 денари по литар што е сериозна помош кон граѓаните, намалените царини за прехранбените производи, нула ДДВ за храната, нула ДДВ за енергенсите, се со цел да им помогнеме на граѓаните и на производителите, на оние кои што ќе треба да продаваат во Русија затоа што сега очигледно со санкциите ќе ги затвориме границите и на потрошувачите затоа што очигледно дека цените на енергенсите и храната дополнително ќе растат, плус на оваа инфлација која што ја имаме од 6 проценти, изјави Андоновски.