сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за физичко пребројување на гласовите

Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето за физичко пребројување на гласовите

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ,во своето гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија изјави дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе две суштински тужби до управниот суд.
ВМРО-ДПМНЕ поденсе две суштински жалби до државната изборна комисија по одбивањето на жалбите поднесовме две тужби до управниот суд кој што треба да одлучи во постапка во наредните неколку денови. Двете жалби се воврска со приговорите едната се однесува на приговорот за рачно физичко пребројување на ливчињата затоа што бројот објавен на апликацијата на државната изборна комисија не соодвествуваше со записникот број 16 кој што се пополнува на избирачките места и втора работа што се доцнеше повеќе од 12 часа за објавување на првичните неофицијални резултати-нагласи Андоновски.

Андоновски истакна дека во вториот приговор бараат да се направи и увид во неважечките ливчиња.

Што се однесува до вториот приговор тоа е исто така суштински а тоа е да се направи увид во неважечките ливчиња повеќе од 30 000 илјади во смисла на членот 115 од изборниот законик за да се види дали тие навистина може да се сметаат како неважечки во смисла на овој член од закон затоа што видовме дека свесно една политичка партија во последните денови од кампањата водеше активна кампања активен притисок кон населението да ги пречкртува ливчињата па од тука сакаме да видиме дали во таа смисла ливчињата се направени сосила неважечки и се одземени гласови кои би припаднале на ВМРО ДПМНЕ-истакна ВМРО-ДПМНЕ Андоновски

Андоновски додаде и дека постои пракса и можност управниот суд да одлучи позитивно по основ на тужбите на политичките партии и постапката се враќа во ДИК.
На сајтот всушност проструија информации кои што не соодејствуваа со резултатите од реалната слика на терен од истите избирачки места а за што граѓаните и јавноста беа сведоци и заради тоа ги поднесуваме овие тужби до упраниот суд постои пракса да управниот суд одлучи позитивно по основ на тужбите на политичките партии и постапката се враќа во ДИК заради тоа и нашшата правна служба реши да поднеси тужби со овие два приговори-заклучи Андоновски

Најнови вести