Стојан Андов во вечерашното интервју на Канал 5 откри дека му предложил ТВ дуел на Фрчкоски за тврдењата изнесени во неговата книга уште пред да ја поднесе тужбата, но тој одбил.
-Во неготово гостување на телевизија рекол дека тој во книгата е претставен како убиец, рекол дека сум недоветен. Прво добив писмо дека ако јавно не му се извинам ќе ме тужи. Му реков дека нема да му се извинам, и му предложив да имаме ТВ дуел за да видиме дали има основа за тужба. Тој тоа го одби. Според она што го зборува, тој не ја прочитал книгата. Тој треба да ја прочита книгата, вели Андов.